Жерновски-Квик: Обезбедено мнозинство во грчкиот парламент

385

Заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски на средбата со ЗМНР на Грција, Теренс Спенсер Николаос Квик добил уверување дека Договорот од Преспа, кога ќе дојде на разгледување во грчкиот парламент, нема да биде загрозен, соопшти МНР.

ЗМНР на Грција, Квик, кој е член на партијата на Каменос, Независни грци, коалицискиот партнер на Сириза, истакна дека Договорот од Преспа, кога ќе дојде на разгледување во грчкиот парламент, нема да биде загрозен.

– Сметам дека по одобрувањето кај вас, кога ќе дојде пред грчкиот Парламент, ќе помине веднаш – изјави Квик на средбата.

Двајцата соговорници беа согласни дека довербата и пријателството меѓу двете страни се продлабочува. Беше потенцирано дека со конечниот договор за решавањето на прашањето за името, се става крај на разликите кои ги отежнуваа пријателските односи меѓу соседите.

Жерновски истакна дека ни треба соочување и решавање на проблемите, разум и храброст за чекорење напред, но и заедничка работа за практикување на европски вредности, добрососедство, мирен регион, стабилност и безбедност.

Тој информираше за големиот исчекор на пратениците во Собранието на РМ, каде се отвори постапката за уставни измени со цел да се реализира Договорот од Преспа.

На крајот од средбата, соговорниците изразија надеж дека целокупниот процес, предвиден со Договорот, ќе заврши успешно и во двете држави и дека наредната етапа ќе биде соработката во НАТО Алијансата како две земји сојузници, кои истотака седат на зедничка маса во институциите на Европската унија, обединети околу европските вредности и придобивки.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...