Заменик министерот за надворешни работи на Република Македонија, Андреј Жерновски учествуваше на 13-тиот „Дубровник Форум 2018”.
Жерновски, вчера и денес учествуваше на тринаесеттиот традиционален Дубровник форум под наслов „Зајакнување на отпорноста Медитеран, Европа и Западен Балкан”.
На маргините на Форумот, Жерновски оствари билатерални средби со заменик државниот секретар за Европа и Азија при Стејт Департментот на САД, Метју Палмер, со министрите за надворешни работи на Грција и Бугарија, Никос Коѕијас и Екатерина Захариева, со високиот специјален пратеник на претседателот Макрон, Ален Ришар и со својот на чешки колега, Томас Петричек.
На средбата со заменик државниот секретар за Европа и Азија при Стејт Департментот на САД, Метју Палмер беше разговаранo за политичките процеси во земјата и за подготовките во врска со престојниот референдум закажан за 30 септември оваа година. Соговорниците заеднички се согласија дека престојниот референдум е историски настан во кој граѓаните треба целосно да се вклучат.
– Верувам во мудроста на македонските граѓани и убеден сум дека тие ќе знаат да ја донесат вистинската одлука на претстојниот Референдум – изјави Палмер на средбата.
На средбата со Коѕијас, беа разменети мислења за актуелните настани во двете соседни држави. Двајцата соговорници беа согласни дека довербата меѓу двете страни се продлабочува. Беше потенцирано дека со конечниот договор за решавањето на прашањето за името се стави крај на разликите кои ги отежнуваа пријателските односи меѓу соседите.
– Овој Договор е мостот кој нѐ пренесува од минатото напред кон иднината- изјави Жерновски.