Женската ракометна репрезентација со убедлива победа против Турција

Утре нашите ракометарки ќе одмараат, а в понеделник играат со Косово.

114

Женскиот сениорски ракометен национален тим на Северна Македонија убедливо ја совлада втората селекција на Турција со 37:19, и дојде до првата победа на турнирот во Анталија.

Избраничките на Симе Симовски немаат време за одмор или славје, бидејќи веќе попладнево имаат дуел со првиот тим на Турција. Вчера „црвено-жолтите“ одиграа нерешено против Италија.

На нерамноправниот дуел со турските резерви, нашите ракометарки го добија првото полувреме со 20:12, па селекторот им даде шанса на младите, кои ја оправдаа довербата, па на крај извојуваа триумф од 18 голови разлика.

Утре нашите ракометарки ќе одмараат, а в понеделник играат со Косово.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...