Жените со амандмани ќе го напаѓаат новиот Изборен законик

265

Работна група од 9 членки ќе работи на амандмани за новиот Изборен законик со цел да се постигне поголема родова еднаквост на жената во политиката на локално и национално ниво.

Ова е договорено на состанок на Македонското женско лоби на кој присуствувале 28 претставнички од сите политички партии.

„Се констатираше  потребата за промена на изборниот законик во однос на зголемување на позицијата на жената во политиката на локално и национално ниво. За таа цел се формира и работна група составена од 9 члена , која ќе работи на поднесување на амандмани за изборниот законик. Новиот изборен законик за жените претставува нов предизвик и можност за поголема родова еднаквост на жената во општеството“, соопштија од Македонското женско лоби.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...