Жените повешто го прикриваат неверството

219

Научници од Универзитетот на Западна Австралија тврдат дека жените може да откријат дали партнерот ги изневрил само ако го погледнат неговото лице, а мажите ја немаат таа способност.

Испитувањето објавено во списанието „Ројал сосајети опен сајенс“, опфатило 1.500 луѓе на кои им биле покажани фотографии од 189 луѓе од белата раса (101 маж и 88 жени), коишто претходно одговарале на прашањето – дали некогаш извршиле прељуба?

Резултатите покажуваат дека и мажите и жените точно „ги погодиле” прељубниците, но не и прељубничките.

Она што за научниците било неочекувано, е дека мажите ги откриле своите „соперници“, но жените им биле просто – енигма. Слични се резултатите и кај жените набљудувачки… Тоа значи дека жените повешто го прикриваат неверството.

– Имајќи го предвид сè ова, и мажите и жените покажаа натпросечна точност за читање на лицата на мажите, но не и на жените. Прељубата навистина не може да се скрие од лицето на мажот, истакнуваат научниците.

Што ја тера една жена да се сомнева на неверство на партнерот?

Според истражувањето, тоа се сведува на „машката природа и карактер“. Но, научниците сметаат дека таа склоност не е најприсутна кај „најубавите мажи“.

– Изненадувачки е тоа дека иако оние позгодните мажи според оценките биле рангирани како најневерни, во реалноста тоа било така во многу помал број случаи – се истакнува во написот.

Сепак, научниците нагласуваат дека овие резултати не треба да се толкуваат така што буквално секогаш ќе се пресликуваат во секојдневнието.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...