Жена се здоби со тешки повреди во сообраќајна незгода на патот Прилеп – Битола, соопшти Министерството за внатрешни работи.
– Вчера во 17.30 часот на патниот правец Прилеп – Битола, во близина на клучка Лагово, Н.Д.(61) од Струга, управувајќи товарно моторно возило „форд транзит“, со скопски регистарски ознаки, удрил во земјена препрека на патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката С.Д.(54) и била пренесена во Градската општа болница Прилеп за укажување на лекарска помош – велат од МВР.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.