Жена на чело на пензионерите прват по 73 години

1021

Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија има нов претседател. Првпат по 73 години од постоењето на Сојузот за претседател е избрана жена.

-На изборната седница на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија одржана на 29 март 2019 година за нов претседател на СЗПМ и воедно претседател на Извршниот одбор на Сојузот е избрана  Станка Трајкова досегашен секретар на Извршниот одбор на Сојузот истакнат активист и стручњак со големо познавање на пензионерската проблематика, дипломиран правник и коавтор и автор на коментари на Законот за пензиско и инвалидско осигурување и учесник во пензиските реформи. Трајкова е и носител и автор на повеќе проекти поврзани со пензионерската популација во  СЗПМ, информираат од Сојузот.

За претседател на Собранието на Сојузот беше избран Илија Адамоски, докажан активист и член на повеќе органи и тела во СЗПМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...