Жена на бензинска пумпа со пиштол ранила маж

1124

Во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ вчера бил донесен С.М.(42) од село Батинци, скопско, со повреда од прострелна рана.

По кажување на повредениот, тој додека бил заедно со Л.Г.(28) од Албанија во близина на бензинска пумпа на булеварот Гоце Делчев, настанала расправија со жена, која со пиштол пукала кон него и го повредила, по што тој го одзел пиштолот и со патничко возило „фолксваген поло“, без регистарски ознаки, со Л.Г. се упатиле во болница.

Според негово кажување, на булеварот Гоце Делчев го фрлиле пиштолот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...