Жена нападната од јагуар додека позирала за селфи (ВИДЕО)

1107

Жена била нападната од јагуар додека позирала за селфи во зоолошка во Аризона.

Таа ја одминала заштитната ограда за да позира, па јагуарот и ги зарил канџите.

Директорот на зоолошката, Мики Олсон кажал дека не знае како да ги „смени луѓето“ кога се во прашање вакви ситуации.

– Оградата е ставена со причина. Не знам како да ги натераме луѓето да го сфатат тоа – изјавил Олсон.

Очевидецот Адам Вилкерсон, кој го снимил немилиот настан, појаснил како успеале да и помогнат на жената.

– Слушнавме како некој бара помош, а потоа видовме што се случило. Мајка ми се досети како да му го одвлече вниманието на јагуарот. Фрли шише со вода во кафезот – изјавил Вилкерсон.

Претходно имало уште еден инцидент со истиот јагуар, уште една личност не ги почитувала правилата.

ФОТО: Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...