Велика Британија може да го добие првото бебе кое ќе биде регистрирано без мајка.
Станува збор за животната приказна на Фреди Мекконел, маж кој се родил како жена, но го сменил полот. Тој неодамна родил бебе и сега води битка со институциите за во изводот на детето да биде запишан како татко, а не како мајка.
Додека го менувал полот тој ја задржал матката, а десетина дена по промената, тој затруднел користејќи сперма од донор. Кога го пријавил бебето барал да го запишаат како татко, но поради закон донесен уште 1836 година, не можеле да му ја исполнат желбата. Тој закон налага дека за секое дете мора да биде заведена мајка.
Затоа, Британецот решил да води битка и по судски пат да се избори за тоа што го посакува. Главен аргумент на неговиот адвокат е дека му се кршат човековите права, но покрај стариот закон, има уште еден кој се однесува на него.
Според тој закон, секој државјанин на Велика Британија може да го промени полот и без операција, но пред да биде заведен во спротивниот пол мора да живее како таков најмалку две години.
Photo: Screenshot/YouTube