Жена заврши на Ургентен по сообраќајка на автопатот Куманово -Скопје

327

Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа што се случи денеска на автопатот Куманово -Скопје на делницата Романовце-Миладиновци.

Според МВР, возилото „пежо 206“ со скопски регистарски таблици во 14.50 часот, управувано од 32-годишната Ј.Л.С, изгубило контрола, удрило во брегот и се превртело.

– Жената се здобила со повреди и е пренесена во Ургентниот центар во Скопје, а сопатникот М.Л е неповреден – соопшти полицијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...