Жена дома зела 97 кучиња скитници со цел да ги заштити од Доријан

Таа им пуштила музика на кучињата, а ја вклучила и климата само за нив.

457
ФОТО: Фејсбук

Чела Филипс, која живее на Бахамите, зела 97 кучиња скитници во својот дом за да ги заштити од ураганот Доријан, пренесува „Метро“.

На објавените фотографии се гледа како напуштените кучиња трчаат низ домот на Филипс, која е менаџер на „The Voiceless Dogs of Nassau“.

– Деведесет и седум кучиња се во мојата куќа, а 79 од нив во мојата спална соба. Беше лудо синоќа, измет насекаде, но барем го почитуваат мојот кревет и ниту едно не скокна на него – напиша Филипс.

Таа додаде и дека жали што на други места кучињата бездомници немале каде да се засолнат, па само „Господ може да ги заштити сега“.

Таа им пуштила музика на кучињата, а ја вклучила и климата само за нив.

Најмалку петмина загинаа, а 13.000 домови беа уништени од ураганот Доријан. Тој се очекува и во Флорида, а веќе почнаа да се земаат кучиња чии сопственици биле принудени да ги остават поради евакуирање.

Најмалку еден милион жители на Флорида, Џорџија и Јужна Каролина добија наредба да ги напуштат своите домови бидејќи Доријан е „опасно блиску“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...