Жегата го одложи патувањето на двете слоници кон Скопје

132

Поради екстремно високите температури, доаѓањето на двете слоници во скопската Зоолошка градина, е одложено.

„Топлиот бран кој ја зафати Европа не е погоден за транспорт на Дуња и Даела. Нивното здравје е најважно, а штом се стабилизираат временските услови и се создадат услови, слониците ќе пристигнат во Скопје“, објави ЗОО Скопје на Фејсбук.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...