Амбасадорот на Европската унија Самуел Жбогар денеска го прими признанието почесен граѓанин на општина Куманово, кое се доделува по повод Денот на ослободувањето на градот „11 Ноември“.
Признанието на Жбогар му се доделува поради поддршката на повеќе инфраструктурни проекти, значајни за подобрување на квалитетот на животот на кумановци, но и за поддршката за унапредување на демократските процеси во Куманово.
Тој денеска се на свечената седница на Советот на Општина Куманово се обрати на македонски јазик.
Досега вакво признание имаат добиено Луиза Винтон, постојан претставник на УНДП и амбасадор на ООН, како и Лоренс Батлер, поранешен американски амбасадор во земјава.
Фото: Кумановски муабети