Жбогар: Нема потреба од ветинг на правосудството, проверката може да почека

403

Европската унија смета дека Македонија нема потреба од ветинг на правосудството во моментов. Проверката на судската фела може да почека. Ваква порака упати евроамбасадорот, кој рече и дека ветингот е последна опција по која треба да се посегне, доколку за тоа се обезбеди консензус во земјава. Тој оцени дека состојбата во правосудството  не била толку лоша…загрижувачка, пренесе Сител телевизија.

Но, дали ќе има ветинг, тоа зависиело од одлуката на самата земја.

Жбогар рече дека ЕУ ќе продолжи да ја поддржува Македонија.

За разлика од Жбогар, првиот човек на Уставниот суд Сали Мурати не сакаше да зборува на оваа тема. Средбата се случи зад затворени врати, без присуство на новинари, бидејќи им беше забрането да влезат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...