Жбогар: Да се донесе законот за ЈО за да се демонстрира посветеноста на европската иднина

162

Законот за јавно обвинителство треба да се донесе бидејќи со тоа ќе покажете промена на начинот на мислење од што е минимумот потребен да се направи за отворање на преговори, кон тоа како да ги искористиме максимално преговорите за промена на нашата држава за младите луѓе да не си заминат, изјави евроамбасадорот Самуел Жбогар, пред почетокот на брифингот со новинари за новата методологија на Европската комисија.

Жбогар ја повтори пораката од еврокомесарот за проширување Оливер Варели за Јавното обвинителство до сите политички чинители во Скопје.

– Комисијата не го стави Законот за јавно обвинителство како услов, но е нешто што треба да се направи од повеќе причини. Првенствено за граѓаните да веруваат во правда и дека ќе има одговорност за кривичните дела. Бидејќи е важно за повеќе земји членки, како демонстрирање на посветеност за владеењето на провото. На крај, исто така, бидејќи сакаме да покажете промена на начинот на мислење од што е минимумот потребен да се направи за отворање на преговори, кон тоа како да ги искористиме максимално преговорите за промена на нашата држава за младите луѓе да не си заминат – изјави Жбогар.

Комисијата ја заврши својата работа, подвлече Жбогар, нагласувајќи дека има уште работи што треба да се направат и од наша страна за ова партнерство.

– Има работи што се уште треба да се направат за да се демонстрира посветеноста на европската иднина од страна на Северна Македонија. Да се продолжи со добрите реформи, да се спроведат фер и демократски избори и да се продолжи со добрососедските односи – изјави Жбогар.

Повтори дека ова е одлична вест за Западен Балкан и вин-вин ситуација за ЕУ и Западен Балкан.

– За Европската унија бидејќи препозава дека проширувањето е стратешка инвестиција за унијата да биде стабилна и обединета. За регионот е важно бидејќи го реафирмира фактот дека полното членство е крајната цел на процесот. Целта на документот е да се рестартира и забрза процесот кој загуби дел од енергијата од двете страни, како и да се врати довербата на двете страни – речеЖбогар.

За двете страни, подвлече тој,  целта е да се премине од помалку за помалку на повеќе за повеќе.

– Тоа значи да се внесе повеќе искреност од двете страни на заедничкиот пат. За земјите кандидати тоа значи дека кога ќе кажат дека прават реформи, вистински да го реформираат општеството, а не само да се носат закони. Од страна на ЕУ значи искреност кога зборуваме за процесот на прошурување дека вистински мислиме дека патот води кон членство во ЕУ – порача Жбогар.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...