Жан-Пол Готје се повлекува со јубилејна ревија

203

Францускиот моден креатор Жан-Пол Готје (67) најави дека ќе се повлече од светот на модата и оти ревијата на висока мода во Париз идната недела ќе биде негова последна.

– Оваа ревија слави 50 години од мојата кариера и воедно ќе биде моја последна – објави Готје на Твитер.

Тој наведе дека неговата модна куќа „Готје Париз“ ќе продолжи да работи.

Готје првата колекција ја претстави во 1976 година и долго важеше за креатор кој ги поместува границите во модата и ги поминува линиите помеѓу машката и женската гардероба

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...