ЕK: Злоупотреби при „купување“ државјанства во ЕУ, поголем ризик од корупција и перење пари

479

Европската комисија ќе испрати официјално предупредување до земјите членки дека програмите во некои држави на ЕУ кои дозволуваат богати странци да добиваат државјанство, можат да го зголемат ризикот од корупција, затајување данок и перење пари.

Овие предупредувања се содржани во извештајот што го подготви Комисијата и кој ќе биде објавен в среда.

Малта, Кипар и Бугарија се единствените држави од 28-те земји членки на Унијата, кои имаат програми за доделување државјанства во замена за инвестирање во нив.

Во извештајот се наведува дека сите три држави биле неуспешни во проверката на потеклото на имотот на поединци кои по овој основ добила нивно државјанство и во нивната брза идентификација.

Извештајот на ЕК прецизира дека дури во 20 држави на ЕУ може „да се купи“ дозвола за престој.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...