Е тоа е малер – ги удрил гром додека воделе љубов под жална врба на Ада Циганлија, но и во болница

Но, приказната не завршува тука. Непосредно по приемот на повредените љубовници, во болницата се случил скандал.

3779
FOTO Printskrin

Бојан З. (33) и Мирјана М. (36) од Белград се повредени кога во нив удрил гром додека воделе љубов под жална врба на белградска Ада Циганлија, пренесува „Србија данас“.

До несреќата дошло вчера, кога Белград го зафати големо невреме. Екипа на Итната медицинска помош ги однела во болница целосно голи и со опекотини. По укажаната помош, Бојан бил пуштен дома, додека Мирјана била задржана на лекување. Дежурниот лекар потврдил дека таа е сместена на интензивна нега, но дека не е во животна опаснст.

Но, приказната не завршува тука. Непосредно по приемот на повредените љубовници, во болницата се случил скандал.

Во болницата дошол млад господин и се распрашувал за здравствената состојба на повредената Мирјана. Од персоналот на болницата му кажале на кое одделение е, но и го замолиле да ја преземе нејзината гардероба. Но, меѓу женската облека нашол и машка. Кога му рекле дека тие работи му припаѓаат на мажот на Мирјана, тој извикал: „Па, јас сум нејзиниот маж“. Тогаш разбрал дека неговата сопруга за време на несреќата водела љубов со колега од работа.

ФОТО: Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...