е-Република Амандман

И така, додека експертите дебатираат, преписките патуваат, на Телевизија водителката најавува – Дали Орбан го спасува Груевски? За ова и другите прашања, останете по рекламите! – Не заебавај!

1081

Таа навидум е држава како и секоја друга, има институции, сопствен парламент, влада, претседател на ова, претседател на она, има и сопствена академија на науките и уметностите. Но, нејзините граници иако се виртуелни, таа има и Интегрирано гранично обезбедување кое со сите нишани како да станува збор за нормална држава, постои во виртуелното министерство за внатрешни работи и Секторот за гранични работи и миграции како посебен организационен облик во составот на Бирото за Јавна Безбедност

За разлика од останатите нормални држави, е-Републиката има легални и нелегални гранични премини, за кои е надлежен веке спомнатиот Сектор. Преку првите премини влегуваат и излегуваат обичните луѓе кои неретко се изложени на непријатности предизвикани од високопрофесионалните полициски и царински службеници.

Вторите пак ги користат помалку обични патници кои не се изложени на посебни непријатности затоа што се под заштита на Секторот- исклучок од ова е аеродромот во близина на главниот град на е-Републиката, него го користат и едниот и другиот тип на патници.

е-Републиката е сериозен и долгоречен „државотворен” проект. Вообичаените фрази – правна држава, владеење на правото, криминалот не се исплатува и сл. во вируелната реалност имаат сосема поинаква конотација. Секојдневието е повеке како излезено од перото на Џонатан Свифт, отколку како досадна, обична реалност на која за жал се осудени луѓето во другите држави.

И така, додека експертите дебатираат, преписките патуваат, на Телевизија водителката најавува – Дали Орбан го спасува Груевски? За ова и другите прашања, останете по рекламите! – Не заебавај!

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...