Судијата Џон Русо од Охајо, САД, наредил да се замолчи обвинетиот киднапер и крадец Френклин Вилијамс, така што на устата да му биде залепена леплива лента, објвави Скај њуз.
This judge ordered a convict to have his mouth gagged with duct tape when he refused to stop interrupting.
Read the full story here: https://t.co/t2W8gqq2YA pic.twitter.com/kPRTOsZAaz
— Sky News (@SkyNews) August 2, 2018
Судијата на ваква експремна мерка се одлучил откако не успеал да го стивне бучниот обвинет со 12 предупредувања.
Вилијамс (32) е осуден за оружен грабеж и во судницата дошол во портокалова униформа, а за време на сослушувањето зборувал речиси без прекин.
– Мојата намера денеска не беше да го замолчам господин Влијамс. Му дадов шанса да зборува кога е тоа соодветно, но тој продолжуваше да зборува додека зборувам јас – објасни судијата.