Ејми Вајнхаус почина пред 8 години: Поранешниот сопруг преку тужба бара милион фунти!

Семејството на Ејми бесно порача дека нејзиниот поранешен маж, Блејк Филдер Сивил, зака за ги зграпчи парите на Вајнхаус, а не заслужил ништо.

890

Британската пејачка Ејми Вајнхаус почина на 27-годишна возраст на 23 јули 2011 година.

„Срамотниот поранешен сопруг на Ејми Вајнхаус, зависник од дрога, сака да заработи милион фунти од нејзиното имотно право, осум години по смртта“, наведува британски „Сан“ во првата реченица од текстот за веста која предизвика гнев меѓу фановите на пејачката ширум светот.

Семејството на Ејми бесно порача дека нејзиниот поранешен маж, Блејк Филдер Сивил, зака за ги зграпчи парите на Вајнхаус, а не заслужил ништо.

Филдер Сивил кој признал дека ја навлекол Ејми на хероин, бара исплата на паушален износ, плус месечен надомест.

Извор близок до семејството кое со соочува со Филдер на суд вели:

„Ова е некој кој потрошил многу пари од Ејми додека биле заедно.“

– Исто така, помина многу време во затвор, носејќи им на сите само болка. Да му се даде нему уште пари би било премногу. Да се каже дека не е соодветно за него да добие нешто од богатството на Ејми би било потценување – додал изворот.

Ејми не оставила тестамент. Нејзините финансии по оданочувањето од 2,94 милиони фунти отидоа кај нејзината мајка Џанис (63) и таткото Мич (68).

Се верува дека по нејзината смрт вредноста на богатството пораснало.

Поранешниот сопруг на Ејми, Филдер, преку адвокат им соопштил дека поднел тужба, затоа што бил со Ејми шест години, за време на кои, таа ги создала некои од најдобро продаваните материјали.

Тужбата е поднесена неколку дена по осумгодишнината од смртта на Ејми Вајнхаус.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...