Ештон Качер сведочел за убиството на својата девојка: Моите отисоци беа на вратата

Качер се појавил на судењето за да сведочи против серискиот убиец, обвинет за убиство на три жени вклучувајќи ја и 22-годишната Ешли Елерин, тогашната девојка на познатиот актер.

2418
May 29, 2019 - Los Angeles, California , U.S. - ASHTON KUTCHER testifies in the murder trial of alleged serial killer Michael Gargiulo at Los Angeles Superior Court., Image: 439518384, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Profimedia, Zuma Press - News

Познатиот холивудски актер Ештон Качер во средата, 29 мај, пред судот во Лос Анџелес сведочел за убиството на неговата некогашна девојка Ешли Елерин. Качер се појавил на судењето за да сведочи против серискиот убиец, обвинет за убиство на три жени вклучувајќи ја и 22-годишната Ешли Елерин, тогашната девојка на познатиот актер.

Младата Ешли Елерин била убиена во својот дом во Холивуд на 21 февруари 2001 година, истата вечер кога требало да се сретне со Качер, кој тогаш имал 23 години. За нејзиното убиство е обвинет Мајкл Гарџиуло.

Инаку, Ешли Елерин е пронајдена брутално искасапена. Обвинетиот Гарџиуло кој живеел во нејзиното соседство ја избодел 47 пати.

Тој е осомничен како сериски убиец наречен „Hollywood Ripper“. Актерот раскажа дека требало да излезе со девојката , но изгубил поим за време и во нејзиниот дом се појавил два часа подоцна, кога таа веќе била убиена.

Следниот ден, кога слушнал од медиумите дека Ешли е убиена, се преплашил дека вечерта бил во близина на нејзината куќа и дека би можел да биде доведен во врска со убиството.

Ештон открил дека претходно тој месец се запознал со Ешли на забава, но во тоа време бил во врска со друга девојка. Кога раскинал, ја побарал Ешли да се сретнат.

Качер објаснил дека планирал да излезе со Ешли на вечера, а денот кога требало да се видат, тој ѝ се јавил на Ешли за да ѝ каже дека ќе доцни затоа што морал да присуствува на забавата по повод доделувањето на „Греми“ наградите, на што девојката му одговорила дека нема никаков проблем. Тој ѝ се јавил на Ешли за да ѝ се извини, а откако не му одговарала, отишол кај неа дома.

Пред куќата бил паркиран нејзиниот автомобил, а светлата биле вклучени. Тој тропнал на вратата, но никој не му отворил. Кога ѕирнал низ прозорецот, видел дека има неред во нејзиниот дом, но знаел дека Ешли неодамна се вселила и правела забава, па помислил и дека црвената дамка на подот е од истурено црвено вино.

– Заклучив дека едноставно предоцна дојдов и дека таа веројатно излегла некаде со пријатели – изјавил актерот во судницата. Она што мислел Ештон дека е вино, била крвта на Ешли, а нејзиниот убиец подоцна е обвинет за уште две убиства на девојки.

FOTO: Profimedia, Zuma Press – News

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...