Нацрт заклучоците на денешниот Самит на ЕУ до кои дојде МИА и кои треба да бидат усвоени утре го поздравуваат договорот за името со Грција.
– Европскиот Совет силно го поздравува и поддржува договорот помеѓу Поранешната Југословенска Република Македонија и Грција за спорот за името. Ова, заедно со договорот со Бугарија, поставува силен пример за другите во регионот за зајакнување на добрососедските односи, се наведува во нацрт – заклучоците.
Лидерите потоа ќе ги усвојат заклучоците на Советот на ЕУ од вторникот со кои се отвора патот за преговори за Македонија и Албанија.