Европската унија разгледува воведување нови санкции против Владата на претседателот на Венецуела Николас Мадуро, но не и ембарго на нафтата, соопшти министерот за надворешни работи на Малта, Кармело Абела.
– Целта е санкциите да се воведат на поединци, наместо дополнително да ја ослабнат веќе слабата економија – рече Абела.
ЕУ од ноември 2017 година воведе ембарго на извоз на оружје и техничка опрема на Венецуела поради внатрешната репресија, како и забрана за патување и замрзнување на сметки на 18 функционери, кои се обвинети за кршење човекови права и поткопување на демократијата.
Експертите сметаат дека санкциите на ЕУ до сега имале мало или никакво влијание врз политиката на Мадуро.