ЕУ контра САД: Активиран механизмот за заштита на компаниите од ЕУ во Иран

ЕК соопшти дека е прифатен „првиот пакет мерки за заштита на компаниите од ЕУ во Иран од санкциите на САД“.

123

Европската комисија денеска го активира механизамот за блокирање на санкциите на САД кон Иран на територијата на Европска унија.

ЕК соопшти дека е прифатен „првиот пакет мерки за заштита на компаниите од ЕУ во Иран од санкциите на САД“.

– Доколку Иранците ги почитуваат своите обврски, ЕУ ќе се придржува до Договорот, изјави претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер и предупреди дека одлуката на САД за повторно воведување на санкции „нема да биде без последици“.

Според ЕК целта е мерката да стапи во сила пред да почне првиот пакет санкции на САД на 6 август.

ЕК исто така планира да и дозволи на Европската инвестициска банка да биде посредник за инвестициите на европските компании во Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела објави дека САД се повлекуваат од Договорот за иранската нуклеарна програма, со кој беа укинати санкциите кон Техеран, додека ЕУ соопшти дека ќе го почитува Договорот.

Механизмот за блокирање е создавање е создаден уште во 1996 година, со цел да се заобиколи ембаркото за Куба. Механизмот тогаш не беше искористен бидејќи тогаш кризата беше решена политички.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...