Нова колекција од пет машки парфеми на Луј Витон

Новата машка колекција од пет парфеми на Луј Витон се концепт на познатиот дизајнер Жак Каваље. Нуово Монде, Л’Именсите, Ораж, Ау Хасард и Сур ла Рут се мириси кои се инспирирани од патувања.

82

Новата машка колекција од пет парфеми на Луј Витон се концепт на познатиот дизајнер Жак Каваље. Нуово Монде, Л’Именсите, Ораж, Ау Хасард и Сур ла Рут се мириси кои се инспирирани од патувања.

Ораж, што значи „грмотевица“ има земјен мирис на пачули и ирис и ноти на бергамот и дестилиран јапонски ветивер. Нуово Монде (Нов свет) е мешавина од какао од Брегот на Слоновата Коска, со мошус и шафран.

Мирисот Сур ла Рут, чие име на француски значи „на пат“, е микс од сочни калабриски лимони со кедар, перуански балзам, пикантен розов бибер и мускатно оревче. Ау Хасард, што во превод значи „случајност“, содржи сандаловина од Шри Ланка, семе од цвет на амбрета и крушка.

Л’Именсите (Бескрај) е мешавина од горчлив грејпфрут и ѓумбир со лабданум и ќилибар и ноти на жалфија и рузмарин.

Парфемите ќе се најдат во продажба од 31 мај.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...