ЕУ и СЕ: Поддршката ја приближи земјата кон европските стандарди во правдата, антидискриминацијата и борбата против корупцијата

94

Постигнати се видливи придобивки за земјата преку успешната имплементација на заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција” во изминатите три години, констатирано на третиот состанок на Управниот одбор на Програмата што се одржа денеска во Скопје.

Земајќи ги во предвид резултатите остварени во последните три години, на состанокот беше истакнато дека заедничката програма ја приближи земјата поблиску кон европските стандарди во областите на правдата, антидискриминацијата и борбата против корупцијата во земјата. За оваа цел во Северна Македонија, се доделени 3,8 милиони евра за шест проекти, покривајќи ги сите клучни области на Horizontal Facility.

Оливер Ристовски, заменик министер за правда ја изрази својата благодарност до Програмската Канцеларија на Совет на Европа во Скопје и до Делегацијата на ЕУ за нивната поддршка на правните реформи во земјата, истакнувајќи дека многу закони беа изменети и дополнети во согласност со европските стандарди и препораки на Венецијанската Комисија и останатите тела на Совет на Европа.

– Министерството за правда активно учествуваше во имплементација на програмата досега и верувам дека ќе ја продолжиме соработката со цел зајакнување на независно судство во Северна Македонија, заклучи тој.

Душко Узуновски од Министерство за надворешни работи изјави дека многу конкретни резултати беа постигнати во полето на трговија со луѓе, борба против корупцијата и други важни области, истакнувајќи некои од нив.

– Формирање на механизмот за надворешен надзор на работата на полицијата, особено подобрување на состојбата во затворите, институционалните капацитети беа развиени и ние бевме во можност да ги адресираме препораките на Групата на земји против корупција (ГРЕКО). Дополнително, механизмот за координација на експертиза, како дел од Horizontal Facility, обезбедија значајна поддршка во реформите во правниот систем и оваа алатка треба да се користи уште почесто во иднина, истакна Узуновски.

Според Никола Бертолини, Шеф на секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ, евидентно е дека многу значајни и вредни резултати беа постигнати под секоја индивидуална активност од Horizontal Facility во изминатиот период. -Сега треба да мислиме на имплементација на препораките, процедурите како и долгорочна одржливост на резултатите во овој процес. Силна поддршка и добра координација ќе биде важна од сите директно вклучени корисници, национални институции, но исто така и битни актери, како граѓанските организации, рече Беролини.

Пилар Моралес, раководител на Секторот за програмирање, Канцеларија на Генералниот директорат на програми на Советот на Европа истакна дека благодарение на вградената флексибилност на Horizontal Facility,  можевме брзо да одговориме на ново идентификуваните потреби на теренот, па така во 2018 и 2019 година ангажманот беше во поддршка на реформата на судството, затворите, борбата против корупцијата во земјата и борбата против дискриминацијата.

-Во втората фаза на програмата, ќе се надоградиме на резултатите постигнати во првата фаза и ќе допреме до некои предизвици во земјата како на пример од областа на слобода на изразување на медиумите, рече Моралес.

Меѓу забележителните резултати на Проектите во рамките на Horizontal Facility се зголемување на капацитетите на затворскиот персонал за подобра комуникација со осудените лица во согласност со високите професионални етички стандарди и почитувањето на човековите права, а со цел да се спречи несоодветното постапување со осудените лица, програмата помогна и во воспоставувањето на Механизмот за надворешен надзор на полицијата.

Судиите и обвинителите кои присуствуваа на специјално прилагодените обуки сега подобро разбираат како да  применуваат одредени одредби од Европската конвенција за човекови права во домашниот правен систем. Со поддршка на програмата, властите развија стратешки пристап кон борбата против перење пари и финансирање на тероризмот, а 90 отсто од трудовите инспектори во земјата беа обучени за прашања поврзани со трговијата со луѓе.

Тригодишната програма Horizontal Facility започна од мај 2016 и ќе трае до мај 2019 година, а има за цел да им помогне на властите во Југоисточна Европа да постигнат поголема усогласеност со европските стандарди во следните клучни области: обезбедување правда, борба против економскиот криминал, како и борба против дискриминацијата и заштита на правата на ранливите групи.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...