ЕУ: Зголемено нивото на ризик од зараза од кинескиот коронавирус, три аеродроми имаат директни летови до жариштето на епидемијата – Вухан

Британските власти најавија дека ќе одвојат посебна изолирана просторија каде ќе може да пристигнуваат авионите од Вухан, медицински тим ќе биде задолжен да ги контролира патниците кога ќе пристигнат.

449
ФОТО: МИА

Европскиот центар за спречување и контрола на болести го зголеми нивото на ризик од зараза со коронавирусот од ниско на умерено.

Информацијата ја објави Центарот и порача дека не е исклучено луѓе кои патувале во централна Кина, од каде потекнува вирусот, да го донесат на европскиот континент. Причината за зголемување на нивото е претстојната кинеска Нова Година која ќе се прослави на крајот на оваа недела и за време на која се зголемува фреквентноста на патувањата.

Три европски аеродроми имаат директни летови до градот Вухан, каде започна епидемијата, а тоа се лондонскиот Хитроу, парискиот Шарл Де Гол и римскиот Фиумичино.

Британските власти најавија дека ќе одвојат посебна изолирана просторија каде ќе може да пристигнуваат авионите од Вухан, медицински тим ќе биде задолжен да ги контролира патниците кога ќе пристигнат.

Симптомите на коронавирусот се слични на пневмонијата, со температура, замор, и болки.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...