ЕУ живее на кредит, ги потроши ресурсите на планетата за годинава

Ова значи и дека доколку целата планета живее како европските земји, тогаш би биле потребни вкупно три планети.

182

Од денеска, земјите на Европската Унија живеат на кредит, што значи дека се потрошени ресурсите кои планетата ги нуди за цела година, предупредуваат организациите за заштита на животната средина.

Овој ден познат и како „ден на надминување“ се паѓа сѐ порано во текот на годината, алармираат невладините, па така во 1961 година тој бил во текот на октомври.

Ова значи и дека доколку целата планета живее како европските земји, тогаш би биле потребни вкупно три планети. И покрај фактот што европското население претставува само седум отсто од светското, континентот троши дваесет отсто од биокапацитетот на земјата поради интензивните активност како риболовот, земјоделството, градежништвото, итн.

Ако се погледне подетално постојат сепак значајни разлики меѓу одделни земји членки на ЕУ; па така, во Луксембург, „денот на надминување“ се падна кон средината на февруари, во Белгија во април, а Романија ќе го постигне во текот на јуни.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...