ЕУ-етатисти на Северот и молзачи од Југот

202

Европската унија во која пред повеќе од четри децении се зачлени Велика Британија не е иста со денешната ЕУ, која што Британците се на пат да ја напуштат.

Со текот на годините политичарите и европските бирократи, што се носат со идејата да ја изградат ЕУ во Обединети Европски Држави, методично продолжуваа да ја обликуваат таа конструкција без притоа да ја придобијат поддршката за своите напори на мнозинството граѓани на Европа. Токму напротив, граѓаните беа оставени настрана да ги набљудуваат, со чудење и растечко незадоволство, нескриенти заложби на ентузијастите етатисти кон сè поголема авторитарност и контрола од Брисел на секојдневниот живот на обичните луѓе.

Европските граѓани не се подготвени да прифатат развој што би значел засилено намалување на суверенитетот на сопствените држави, што би се одвивало во полза на натамошен процес на јакнење на над-државната моќ на Брисел. Таквото расположение е несомнено поврзано и со т.н. “замор од проширување“ и отпорите против приемот на нови земји-членки во ЕУ, што одвреме-навреме се реактуелизра во вокабуларот што го користи Европската комисија.

Всушност, тешпко може да се пренебрегне фактот дека граѓаните во земјите во Северна Европа покажуваат сè помалку разбирање за енормните придонесу од нивните земји во буџетот на ЕУ, кој потоа, потенцираат критичарите, го молзат државите од Јужна Европа, без едновремено да покажат и јасни знаци дека можат успешено да се справуваат со проблемите во сопствените економии. Приемот на земјите од Западен Балкан во полноправно членство на ЕУ само би го зголемило, според примерот на Бугарија и Романија, исцицувањето на европските буџетски фондови, при што масовното иселување на невработената работна сила од Југот би продолжило веројатно со уште поголемо темпо и тешко дека би можело да биде запрено во кус рок.

Според актуелните податоци, доколку се погледне висината на фактичкиот нето придонес во буџетот на ЕУ, минус примените буџетски дотации по глава на жител, Швеѓаните, Холанѓаните, Данците и Германците плаќаат најмногу. Просечно секоја година Швеѓаните плаќаат по 183 евра по глава на жител. Од друга страна, Унгарија и Грција, со по 435, односно 432 евра по глава на жител, се земји што преку директна финансиска поддршка најмногу заработиле врз база на своето ЕУ-членство. На листата на приматели се и Словенија, со околу 270 евра директни дотации по глава на жител, потоа Бугарија и Романија со по 198 и 157 евра, а листата на приматели завршува со Хрватска, која годишно добива само по 19 евра по глава на жител. Земјите со кандидатски статус, имајќи ги предвид тешките преговори што моментно ги води Европската комисија, за зголемување на нето придонесите на богатите ЕУ-членки по излегувањето на Велига Британија од европското друштво, веројатно би добиле уште помалку. Не би било претерано да се претпостави дека за Македонија бројките би биле можеби околу десетина евра директна годишна поддршка по глава на жител.

Во секој случај, за очекување е дека отпорите и незадоволствата меѓу граѓаните во богатите земји-членки поради зголемувањето на одливот на парите од нивните земји во заедничкиот буџет на ЕУ, ќе продолжат да растат. Тука лежи и објаснувањето зошто политичкиот врв на ЕУ, сконцентриран во Брисел, страхува да им дозволи на граѓаните слободно да се изјаснат што всушност мислат за ЕУ, консеквентно отфралајќи ги барањата за референдуми ширум Европа околу ЕУ-политиката.

Швеѓаните плаќаат најмногу во заедничката европска каса според глава на жител, но едновремено се и најнезадоволни и најскептични. Само 14 проценти од шведските граѓани се задоволни со развојот на ЕУ. Причината за тоа, според бриселските политичари, наречени уште и “еврократи“, е нивното настојување да ги држат граѓаните настрана од процесот на одлучување во ЕУ, бидејќи, според политичарите, обичните луѓе и избирачи не разбираат доволно што е тоа што е најдобро за нив.

Сепак, во пресметикте и статистиките околу даватели и приматели на финансиска поддршка од ЕУ-буџетот, не се вклучени и други важни фактори, како, на пример, колку една земја-членка заработува, или, пак, губи, од слободниот протек на луѓе и стоки, односно од целосниот слободен пристап до внатрешниот европски пазар. Во Спогодбата за ЕУ јасно стои дека “Унијата посебно ќе теженее кон намалување на разликите на развојното ниво меѓу различни региони“ и кон унапредувањето на поддршката во однос на заостанувањето на најмалку фаворизираните региони.

А гледано од тој аспект, статистичките податоци, што недвосмислено покажуваат дека таквото правило очигледно се следи и почитува, кога станува збор за врската меѓу уплатувањата на придонесите на богатите во касата на ЕУ и нивното користење од страна на “молзачите“ од Југот, се охрабрувачки за натамошното стимулирање на напорите за проширување и продлабочување на европските интеграции – и позитивните ефекти од нив.

Европскиот север во актуелниов миг е тој што акумилира суфицит, напоредно со кревкиот Југ кој страда од дефицит. Не може да постои продлабочена европска соработка, смета грчкиот премиер Ципрас, додека егзистираат такви големи разлики.

 

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...