ЕУ бара поддршка за медиумите и крај на лажните вести

Комисијата ги повика државите членки на ЕУ да ја зголемат поддршката на квалитетното новинарство, за да обезбедат плуралистичко, разновидно и одржливо медиумско опкружување.

177

Во согласност со предлог на Европската комисија, до крајот на јули би требало да биде подготвен и на онлајн платформите и социјалните мрежи да им биде претставен Кодекс за пракса за борба против дезинформациите, како начин за борба против лажните вести и манипулации со информациите.

Комисијата во исто време ги повика државите членки на ЕУ да ја зголемат поддршката на квалитетното новинарство, за да обезбедат плуралистичко, разновидно и одржливо медиумско опкружување.

Дезинформацијата инаку се дефинира како „проверливо лажна информација, која е создадена, претставена и проширена поради економски профит или со цел јавноста намерно да се излаже и може да ѝ наштети на јавноста“.

Европската комисија истакнува дека платформите и социјалните медиуми мора „одлучно да ги зголемат своите напори“ за да ги затворат лажните профили и да го ограничат целното политичко огласување.

Комисијата предупредува дека ако не се направи тоа, ќе примени регулаторни мерки.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...