Еуростат: Македонија и Србија со најголем раст на туристички ноќевања во ЕУ

Македонија имала 2,2 милиони ноќевања. Во Србија вкупно имало 9,3 милиони ноќевања, од кои нерезиденти се 3,7 проценти, додека домашните туристи учествувале со 5,7 проценти.

316

Македонија минатата година имала најголемо зголемување на бројот на туристички ноќевања меѓу членките на ЕУ, европскиот економски простор и кандидатите за членство, додека Србија е на второто место, информираат од Еуростат.

Според статистичките податоци на Европската унија, Македонија лани во споредба со 2017 година имала зголемување на бројот на ноќевања за 18,9 отсто, додека во Србија овој раст изнесувал 12,4 отсто.

Бројот на ноќевања на странските гости во Македонија е зголемен за 22 отсто, а на домашните за 13,1 отсто, додека во Србија бројот на ноќевања на странци бележи раст за 15,5 отсто, а на домашните гости за 10,6 отсто. Во Србија вкупно имало 9,3 милиони ноќевања, од кои нерезиденти се 3,7 проценти, додека домашните туристи учествувале со 5,7 проценти. Македонија имала 2,2 милиони ноќевања.

Според податоците на Еуростат, бројот на ноќевања на Косово е зголемен за 11,7 отсто, од кои на нерезиденти за 6,9 отсто, а на домашните гости за 24,2 отсто. Вкупно се остварени 300.000 ноќевања.
Во Црна Гора бројот на ноќевања изнесувал 4,2 милиони со раст од 7,5 отсто, од кои бројот на ноќевања на странци е зголемен за 7,9 отсто, а на Црногорците за 3,7 отсто.  Хрватска минатата година забележала раст од 3,9, со вкупно 89,4 милиони ноќевања.

Од земјите кои не се членки на Европскиот економски простор, најголем раст е забележан во Лихтенштајн од 8,2 проценти, со околу 200.000 ноќевања.

Во ЕУ најголем раст е забележан на истокот – Латвија од 8,3 проценти, Литванија 7,7 проценти, Малта 6,5 проценти, Полска 5,8 проценти и Романија 5,5 проценти. Најголем процентуален пад е забележан во Луксембург – 4,3 проценти. Вкупно најмногу ноќевања имала Шпанија – 467 милиони, иако е забележан пад од 0,9 отсто во споредба со претходната година, поради намалување на ноќевањата од 1,6 отсто на странските гости, додека бројот на ноќевањата на Шпанците е зголемен за 0,5 отсто. На второто место според бројот на ноќевања е Франција со 443,5 милиони, потоа следи Италија со 428,7 милиони, Германија со 418,5 милиони и Велика Британија со 350,7 милиони.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...