Европската полиција уапсила 58 лица во рамките на акцијата со која сака да застане на крај на големи даночни затајувања и перење пари, објави Еуропол, пренесува хрватски Јутарњи.
Под водство на Шпанија, властите во Белгија, Бугарија, Германија, Унгарија, Италија, Португалија и Романија учествувале во истрага под кодно име „Операција на соништата“.
Барани се припадници на група чии шеми вклучувале измами со ПДВ и перење пари.
Операцијата која ја координирала европската полициај Еуропол во соработка со Еуројуст, тело за правосудна соработка во ЕУ, овозможила на полициските сили да уапсат осомничени во Белгија, Португалија и Шпанија.
Групата која дејствувала низ цела Европа во последните девет години се сомничи за измами со ПДВ и перење пари во висина од повеќе од 390 милиони евра.