Етичка комисија

Зошто Собранието на РСМ не би имало една таква етичка комисија? И дали во тој случај така лесно би поминувале сите оние закони што наметнуваа(т) неетички привилегии особено на пратениците, како оние за патните трошоци (коишто, по којзнае кој пат предизвикуваат одиум во јавноста, а ние глумиме небаре прв пат слушаме за нив)?

359

Па затоа: дали македонскиот политички систем е зрел за воведување на некаква форма на државна етичка комисија? Не знам, тоа не е моја област и на тоа прашање би морале да одговорат стручни луѓе, ама целата наша понова историја – мислам на онаа по осамостојувањето – говори во прилог на тоа. Етичките прашања/проблеми на власта се само срамежливо присатни низ работата на некои други државни комисии (или агенции, сеедно), можеби во описот и пописот и на работата на т.н.

Антикорупциска комисија, ама тоа сепак не е исто. Се разбира дека корупцијата во државата е и етички проблем, ама токму тој аспект е во последен план, ако воопшто некој и го забележува. И, во крајна линија, овде не станува збор за етичко или неетичко однесување само во времето на вршењето на функцијата односно од девет до пет! Што ќе рече дека после тоа функционерот е слободен да прави што и како сака? Како онаа шушумига од министерче кое бегаше од полицијата во доцните ноќни часови, пијан, во службено возило? Во секоја нормална, цивилизирана држава тој ќе леташе од функцијата за 24 часа. Сите држави, на пример, во рамките на Соединетите американски држави (освен Ајдахо и Вајоминг) имаат вакви државни комисии, со различни надлежности, посилни или „помеки“.

И нивна основна задача е да ги спроведуват етичките закони на владите, а понатаму ја поттикнуваат етичката страна на работата на државните органи, да даваат насоки, одржуваат обуки итн. Етичките комисии имаат различни надлежности, но главно врз законодавците, извршната власт, државните службеници, а некаде дури и врз судиите. (Ring a bell?!). Етичката комисија на државата Њујорк, на пример, ги оценува политиките, правилата и регулацијата во државата, наложува казни за етички прекршоци итн. Па оттука, зошто Собранието на РСМ не би имало една таква етичка комисија? И дали во тој случај така лесно би поминувале сите оние закони што наметнуваа(т) неетички привилегии особено на пратениците, како оние за патните трошоци (коишто, по којзнае кој пат предизвикуваат одиум во јавноста, а ние глумиме небаре прв пат слушаме за нив)? Ова пак особено поради фактот што сега на сите страни никнуваат некакви етички кодекси според кои постапуваат одделни државни органи, здруженија и слично, што пак сака да каже дека во државава врие од – етика!? И секој „проценува“ според свои етички аршини?

Или, ако сигурно 30-40% од сегашната јавна администрација се партиски остаток од бившиот режим (што е ултимативен неетички чин според сите европски демократски правила!), плус уште барем 30% се тотално неспособни и некомпетентни за работите што (треба да) ги вршат (вклучувајќи тука и персони на директорски позиции – особено оние од етничките повластени категории – па државни советници вакви или онакви, па разноразни официозуси во земјата и странство кои оваа власт така благонаклоно ги остави на нивните позиции), тогаш добивате повеќе од 2/3 апсолутно непродуктивна, нестручна и, што е најлошо, непријателски ориентирана машинерија на која што на крај памет не ѝ паѓа некаква етика/морал, некаков професионализам и слични за нив будалаштини. (Плус, коишто, како крајна консеквенца, веќе утре би ги оставило без работа).

Во таков случај, а тој ни е во срцето на државата, со кого вие ќе продуцирате реформски политики, етички процедури и постапки, проевропско однесување? Ако европските етички (не само) правила велат дека државната администрација мора да биде аполитична односно непартиска, каде ние ќе стасаме со нашиве партиски војници? Ќе градиме европска иднина со полуписмена партиска номенклатура којашто само ќе се рециклира и надградува со секоја промена на власта, договорно?

Во спомнатиот галиматијас на етички кодекси и слични правила, сосема неодамна (август 2019) и Владата на Р(С)М донесе нејзин Етички кодекс за членовите на Владата (полн назив: Етички кодекс на членовите на Владата на Република Македонија и носителите на јавни функции именувани од Владата на Република Македонија). И чинам дека ова е прв таков документ во политичката историја на РМ. Но, впрочем, тоа и се очекуваше од оваа Влада како прва демократски ориентирана власт по паѓањето на режимот. Ефектуирањето на овој Кодекс допрва треба да претстои зашто од неговото донесување поминале само неколку месеци. (Иако, според некои постапки, и тие малку месеци се доволни да се види дека тој не баш функционира кај одредени членови на Владата и носители на јавни функции, барем не онака како што вели „словото“).

Но, она што е интересно е дека во целиот Кодекс зборот етика/етичко се спомнува одвај два пати (чл. 2 алинеа 8 и чл. 13), иако поимот „етички“ е апострофиран во самиот наслов. Но, од друга страна, сите опишани дејствија односно основни принципи и правила на однесување на „носителите на извршни функции“ главно „се вртат“ околу рабовите на етичкото, претежно во „однесувањето и работењето“ на носителите на овие извршни функции. Тука, иако малку срамежливо, е вклучено и „избегнување секаков вид на етички некоректно однесување, настап или говор (…)“, што веројатно треба да го покрие и оној дел којшто директно не се врзува само со работното време на функционерот.

Следствено со овластувањата, претседателот на Владата, врз основа на мислење од министерот без ресор задолжен за комуникации, отчестност и транспарентност, може да предложи мерки за непочитувањето на овој Кодекс, вклучувајќи и барање политичка одговорност или поднесување на оставка. Оттука, вака скоцкан, овој сегмент од работата на Владата е современо регулиран и остава впечаток на цврст регулатор. Друго прашање е неговата директна примена, но и прашањето дали останатите државни сегменти подлежат на ваква регулатива?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...