Етеми: Зградата кај Мајчин дом ќе ја градам

1937

Инвеститорот на зградата кај Мајчин Дом, Фатмир Етеми демантира дека објектот нема да го гради и упатува на правосилното одобрение за градба издадени од Општина Аеродром, со кое му се гарантира правото да продолжи со изградба на проектот.

– Деталниот урбанистички план е донесен од минатите власти, а јас сум ги добил сите дозволи и сум ги платил сите комуналии и давачки кон општината и не може да ми се забрани уставно загарнтираното право да управувам со мојот имот – вели Етеми за 1ТВ.

Иако градежните активности се уште се во мирување, поради привремената забрана од општина Аеродром, тој тврди дека изградбата сепак ќе продолжи, а за досегашните финансиски загуби, кои достигнуваат и милионски суми, Етеми најавува тужби. Овен тоа, тој посочува дека тој не е единствниот кој со запирање на изградбата трпи загуби.

– Со платените комуналии жителите ќе имаат дополнителен бенефит, а општината доби средства кои можат да се искористат за подобрување на животот во Аеродром – додава Етеми.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...