Лидерката на Хонгконг Кери Лам изјави дека ескалацијата на насилството во антивладините протести, кои траат три месеци во тој кинески град, станува се посериозна, додавајќи дека власта е подготвена за дијалог.
Лам првпат проговори во јавност бидејќи протестите ескалираа во неделата, кога полицијата употреби водени топови и солзавец во судир со демонстрантите, кои фрлале цигли и молотови коктели.
– Сакаме колку е можно побрзо да се реши оваа ситуација и подготвени сме да разговараме – порача Лам, истакнувајќи дека воопшто не мисли оти управата на Хонгконг ја загубила контролата.
Хонгконг се соочува со најголема политичка криза од преминот под кинеска управа во 1997 година, а властите во Пекинг испратија јасно предупредување дека размислуваат за можна интервенција, со цел да прекинат немирите.
ФОТО: EPA / ROMAN PILIPEY