Над 160 луѓе се повредени денеска во протестите во Бејрут, Либан, откако безбедносните сили употребија солзавец и водени топови во судирот со демонстрантите во близина на либанскиот парламент.
– Над 65 луѓе се однесени во болниците, додека над 100 добиваат помош на лице место – изјавил портпаролот на Црвениот крст, додавајќи дека меѓу повредените има припадници на безбедносните сили.
Во Либан избија масовни насилни протести против владејачката елита. А претседателот денеска нареди војската да излезе на улиците за да воспостави ред во државата.