Есад Рахиќ е нов директор на затворот во Шутка

867

На денешната владина седница Есад Рахиќ е назначен за директор на истражниот затвор во Шутка.

Рахиќ доаѓа на местото на Ѓоко Котевски кој си поднесе оставка во февруари, по инцидентот со обвинетите Спиро Ристовски и Миле Јанакиески во дворот на истражниот затвор. Тогаш премиерот Зоран Заев побара оставка од Котевски.

Оставката на Котевски му беше констатирана веднаш, но за именување на новиот директор се чекаше да завршат претседателските избри.

Рахиќ беше пратеник на СДСМ од 2002 до 2006 година кога беше исклучен од партијата и во вториот пратенички мандат делуваше како независен.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...