Ерос Рамацоти сака да јаде говедска опашка: Импресивен список на барања на италијанската ѕвезда

Една од желбите е дека мора да се гледа некој посебен канал кој го емитува фудбалскиот тим додека игра натпревар или за време на тренингот.

2018

Најпознатиот италијански кантавтор, миленикот на жените, Ерос Рамацоти на 30 септември првпат ќе одржи концерт во Скопје.

Најголемата италијанска поп-sвезда ќе го посети и Белград, каде што на 24 септември ќе одржи концерт во Штарк Арена, во рамките на тековната турнеја, а неговиот тим испрати список на барања што мора да бидат исполнети.

Една од желбите е дека мора да се гледа некој посебен канал кој го емитува фудбалскиот тим додека игра натпревар или за време на тренингот. Тоа е тимот кој тој го купи неодамна, а кој игра во непрофесионална лига.

– Ерос сака антена во бекстејџот, тоа се случи и минатиот пат кога доаѓаше. Потребно му е да гледа некој канал на кој се емитува неговиот фудбалски клуб во текот на тренингот или додека игра. Ерос толку многу сака фудбал што купи мал тим кој игра во непрофитабилна категорија. Член е на Националниот фудбалско претставништо на пејачи и актери кои играат пријателски натпревари за хуманитарни цели – рекол изворот и открил:

„Што се однесува до храната, Ерос доаѓа со своите готвачи, но бараше и еден српски готвач да биде во неговиот тим на денот на концертот. Ерос сака да јаде говедска опашка. Кога стајлингот е во прашање, на концертот ќе носи креација на Салваторе Ферегамо или Армани.

FOTO: Instagram/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...