Ердоган ќе присуствува на промоцијата на реставрираната Алипашина џамија во Охрид

На претседателот Ердоган му беше сон реставрирањето на објектот. Република Туриција и Република Северна Македонија се братски држави. Турција преку агенцијата Тика и вакавското здружение има реновирано повеќе обејкти во Северна Македонија. Нашето пријателство е засекогаш и долгорочно. рече меѓу другото амбасадорот Кара.

647

Турската амбасадорка во земјава Тулин Еркал Кара денеска ја посети Алипашината џамија во Охрид, притоа најавувајќи дека претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган ќе допатува на свеченоста по повод промовирањето на реконструираниот верски објект. Таа уште истакна дека се работи на усогласување на терминот со македонските власти за присуство на свеченото отворање на обновената џамија.

Алипашината џамија беше реконструирана и реновирана согласно одлука на Управата за заштита на културно-историското наследство, со финансиска поддршка на Република Турција.

– На претседателот Ердоган му беше сон реставрирањето на објектот. Република Туриција и Република Северна Македонија се братски држави. Турција преку агенцијата Тика и вакавското здружение има реновирано повеќе обејкти во Северна Македонија. Нашето пријателство е засекогаш и долгорочно – рече меѓу другото амбасадорот Кара.

Таа уште нагласи оти не гледа ништо спорно во реконтрукцијата, односно оти било испочитувано се што било договорено помеѓу двете држави во врска со реконструкцијата на верскиот објект.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...