Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за време на телефонскиот разговор со британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека Анкара ќе ја продолжи операцијата во Сирија сè додека целосно не се отстрани заканата од Курдската работничка партија (ПКК) и терористичката група Исламска држава, соопшти Кабинетот на турскиот лидер.
Британскиот премиер го повика Ердоган да ја запре воената операција во Сирија и рече дека Велика Британија и другите земји се подготвени да ги поддржат разговорите за прекин на огнот.
На 9 октомври, Ердоган објави започнувањето на операцијата „Извор на мирот“ во Северна Сирија против ПКК и терористичката група ИД.
ФОТО: EPA / ALEXEY NIKOLSKY / SPUTNIK / KREM