Ердоган го тужи францускиот неделник „Поен“ оти го нарекол „истребувач“

176
ФОТО: EPA / ERDEM SAHIN
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го тужеше францускиот неделник „Поен“ (Le Point) за навреда на шеф на држава бидејќи  во еден текст навел дека Ердоган  е „истребувач“, алудирајќи на турската офанзива против курдските сили во североисточна Сирија.
Неделникот на својата насловна страница во последниот број се прашува далу нему (на Ердоган) светот ќе „му дозволи масакр на Курдите и закани кон Европа“.

По излегувањето на написот адвокатот на Ердоган поднесе тужба во Анкара за „навреда на шефот на државата“. Тужбата се однесува на директорот на весникот Етијен Жернал и уредникот на надворешната рубрика Ромен Жибер.

Жернел наведе дека весникот нема да повлече ниту еден збор, оценувајќи дека Ердоган има пробеми „со слободата на изразување“.

Во написот се споменува „етничко чистење“ на Курдите во Сирија и се наведува дека турските власти „соработуваат со Исламска држава и Ал Каеда, кои ги извршуваат валканите работи за Ердоган“.

Жернел потсети дека во мај 2018 година кога Ердоган во нивниот весник беше окарактеризиран како „диктатор“, новинарите на неделникот добија смртни закани.

– Ердоган затвори голем број новинари во Турција и мисли дека може своите импулси за цензура да ги применува и во земјите каде владее слободата на печатот – изјави директорот на неделникот и додаде дека Ердоган ќе биде разочаран, бидејќи редакцијата нема намера да попушти во било што од кажаното.

ФОТО: EPA / ERDEM SAHIN

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...