„Епидемија“ на закони за абортус во Америка

83

После Алабама, и американската сојузна држава Мизури усвои закон за забрана на абортусот, јавија американските медиуми.

Законот, со кој на жените им се забранува да абортираат по осмата недела од бременоста, лесно помина во Сенатот на Мизури, со кој раководат републиканци. Законот, иако е сличен со тој во Алабама, сепак има исклучоци според кои абортус може да се изврши и после осмата недела, само во исклучителни случаи, односно поради медицински причини.

Американските медиуми коментираат дека САД ги зафатила „епидемија“ на усвојување закони со кои на жените им се забранува да абортираат, дури и ако се силувани. До сега такви закони усвоиле американските сојузни држави Кентаки, Мисисипи, Охајо, Џорџија, а пред Мизури тоа го направи и Алабама, чија гувернерка денеска стави потпис на законот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...