Епидемијата на коронавирус нема да го одложи стартот на Формула 1

Големата награда на Кина е одложена, а откажани се и други спортски настани, вклучувајќи ги и моторните трки во Катар и Тајланд, предизвикувајќи загриженост дека кампањата може да не започне како што е предвидено на 15 март.

75

Сезоната во Формула 1 ќе започне според планираното, катеорични се организаторите на Австралија и покрај епидемијата на коронавирус.

Како што е познато, Големата награда на Кина е одложена, а откажани се и други спортски настани, вклучувајќи ги и моторните трки во Катар и Тајланд, предизвикувајќи загриженост дека кампањата може да не започне како што е предвидено на 15 март.

– Ние работиме по план и сме целосно подготвени да ја организираме по 25-ти пат трката во Мелбурн следната недела. Очекуваме тимовите да пристигнат во наредните денови и со нетрпение очекуваме да ги отвориме вратите пред гледачите на 12 март. Ние тесно соработуваме со здравствените агенции и надлежните служби и внимателно ја следиме ситуацијата. Нема индикации за нови забрани за патувања во оваа фаза, и за тоа дека некои од тимовите во Формула 1 нема да можат да пристигнат навреме –  рече извршниот директор на австралиското ГП, Ендру Вестакот.

По трката во Австралија на 15-ти март, треба да се одржи Гран-при на Бахреин, по што екипите ќе се упатат кон Виетнам за првата трка во земјата на 5 април.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...