Ентони Џошуа повторно е крал во тешка категорија

302

Британскиот боксер Ентони Џошуа (веќе 23-1, 21 КО) си ги врати титулите во тешка категорија, откако го совлада Американецот Енди Руиз (веќе 33-2, 22 КО) во реваншот меѓу двајцата.

Ремените на Светската боксерска асоцијација (ВБА), Меѓународната боксерска федерација (ИБФ), Светската боксерска организација (ВБО) и Меѓународната боксерска организација (ИБО) останаа во сопственост на Руиз само 6 месеци откако во јуни го нокаутираше Џошуа.

Половина година подоцна, Џошуа (30) покажа многу поразновидна борба, го промени своето однесување и заслужено победи, иако не го нокаутираше Мексиканецот.

Британскиот боксер забележа исклучително техничка и претежно тактичка победа над поранешниот шампион Енди Руиз во 12 рунди и победи со едногласна одлука на судиите (118-110, 118-110, 119-109).

– Прво морам да му се заблагодарам на Господ. Човек како мене не прави изговори. Јас сум навикнат да нокаутирам, да победувам. По првиот натпревар бев сигурен и ветив дека ќе се вратам повторно и ќе одржам лекција. Сакав да покажам дека можеш да удираш, без да бидеш удрен. Јас многу го почитувам Енди како боксер – изјави Џошуа по дуелот.

Шампионот вети дека ќе остане скромен, откако си ги врати појасите.

– Се е прашање на подготовка. Ова е најважната работа во кариерата – да стекнам искуство. Си ја научив лекцијата. Штом сме се бореле двапати, можеме да го направиме тоа и трет пат – рече уште Џошуа во рингот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...