Неодамна се појави веста дека поранешната руска тенисерка Ана Курникова и латино пејачот Енрике Иглесијас го чекаат своето трето дете, сега е соопштено дека убавата Ана веќе се породила.
Убавата вест ја потврди братот на пејачот, Хулио Иглесијас, гостувајќи во една радио емисија.
Водителот го прашал дали е вистина дека третпат ќе стане чичко, на што Хулио одговорил: „Веќе станав“.
Хулио не сакал да го открие полот на бебето, истакнал само дека тоа засега е тајна.
Енрике Иглесијас и Ана Курникова добија близнаци, Луси и Николас во декември 2017 година, а раѓањето на двете деца ја изненади јавноста бидејќи никој не ни знаеше дека поранешната тенисерка е бремена.
FOTO: Printskrin