Селекторот на Шпанија, Луис Енрике, иако репрезентацијата не го освои првото место во групата во Лигата на нации, доби поддршка од претседателот на тамошната фудбалска федерација, Луис Рубијалес.
– Се разбира, би сакал да победевме, но ние се уште остануваме на највисоко ниво. Има многу млади играчи во нашиот тим. Ќе се движиме чекор по чекор и ќе ја акумулираме довербата. Имаме одлични таленти. Ова е нова генерација. Ние мораме да им веруваме на овие играчи. Селекторот Енрике, исто така, ја има целосната нашата поддршка во сите негови работи. Ние сме воодушевени од неговата работа, изјави Рубијалес.
Шпанија го освои второто место во конкуренција со Хрватска и Англија, која е победник во групата.