Енергетско ефикасна фасада за средното „Цветан Димов“

218

СУГС „Цветан Димов“ е уште едно училиште кое ќе добие нова енергетско ефикасна фасада, со што Град Скопје продолжува да инвестира во средното образование, соопшти Градот.

– Новата енергетски ефикасна фасада на „Цветан Димов“ ќе има специфичен визуелен и естетски стил, односно ќе биде стаклена со алуминиумски композитни панели во боја. Оваа реконструкција ќе заштеди енергија и полесно ќе се одржува температурата во зимскиот и во летниот период во училиштето. Учениците и професорите ќе имаат поквалитетни и подостоинствени услови за настава – рече скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...