Емре Џан за црвениот картон на Роналдо: Ние не сме жени, ние сме фудбалери

380

Емре Џан застана во заштита на својот клупски колега од Јувентус, Кристијано Роналдо кој беше исклучен во натпреварот од првиот круг од групната фаза од Лигата на шампионите против Валенсија.

Португалецот доби црвен картон, но се чини дека судијата Феликс Брих неоправдано предвреме го прати во соблекувалните.

– Како може ова да биде црвен картон. Само го допре за косата. Ние не сме жени, ние сме фудбалери. Потегот на Роналдо 100% не е за црвен, изјави Џан.

Роналдо беше исклучен во 29 минута и тоа беше прв негов црвен картон во Лигата на шампионите.

ФОТО: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...